Top Sport

Милан се договори со „новиот Де Брујне“

Италијанскиот првак Милан постигна договор за личните услови со фудбалерот на Клуб Бриж, Шарл де Кетеларе. Белгиецот би заработувал 2.500.000 евра годишно на „Сан Сиро“ и би потпишал петгодишен договор со „росонерите“.

Останува сега клубовите да се договорат за висината на трансферот, што може да претставува малку поголем проблем. Милан во овој момент не подготвен да плати 30 милиони евра колку што бара Клуб Бриж за реализација на трансферот.

Во игра за ангажман на Шарл де Кетеларе, кого во Белгија го нарекуваат и “новиот Де Брујне“ е и премиерлигашот Лидс Јунајтед.

Scroll to Top