Top Sport

Милан се враќа во нокаут фазата на ЛШ првпат по осум години, Бенфика му го „украде“ првото место на ПСЖ

Милан е последниот, 16-ти клуб кој обезбедува место во нокаут фазата на Лигата на шампионите по рутинската 4:0 победа над австрискиот Ред бул Салцбург за да го освои второто место во групата Е, зад Челси, кои се одмаздија на Динамо Загреб со 2:1 победа и со елиминација на хрватскиот клуб од Европа оваа сезона.

Единствена друга неизвесност беше првото место во групата Х, каде што Пари Сен-Жермен не го осигура носителското место и покрај 2:1 победа на гости кај Јувентус, бидејќи Бенфика успеа да стигне до висока 6:1 победа кај Макаби Хаифа.

Човек на одлука за „росонерите“ беше 36-годишниот Оливие Жиру, кој постигна два гола и имаше две асистении за несомнено да биде човекот на мечот на „Сан Сиро“.  Тој уште во 10. минута им донесе водство на домаќините, што значеше речиси сигурен пласман, бидејќи Милан само требаше да остане непоразен на мечот. Во 46. минута, тој му асистираше на Раде Круниќ за 2:0, за само шест минути подоцна да забие за 3:0. Во самиот финиш на мечот, Французинот забележа уште една асистенција, овојпат до Жуниор Месијас за конечни 4:0.

Во Торино пак, ПСЖ поведе со фантастичниот гол на Килијан Мбапе во 13. минута од играта, но „бјанконерите“ израмнија во 39. минута со голот на капитенот Лео Бонучи.  Мбапе му асистираше на Нуно Мендеш во 69. минута, за да ги остави ПСЖ на врвот до моментот кога Бенфика демонстрираше сила со шестиот гол за 6:1 победа во Израел над Макаби Хаифа.

Првите места во своите групи со победи ги потврдија Челси и Манчестер сити – Челси и покрај раното водство на Динамо Загреб преку Бруно Петковиќ, извлече 2:1 победа со головите на Рахим Стерлинг и Денис Закарија, додека за Сити стрелаа Луис, Алварез и Марез за 3:1 победа над Севилја.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 6.КОЛО
ГРУПА Е
Милан – Ред бул Салцбург 4:0
Челси – Динамо Загреб 2:1
ГРУПА Г
Копенхаген – Борусија Дортмунд 1:1
Манчестер сити – Севилја 3:1
ГРУПА Х
Јувентус – Пари Сен-Жермен 1:2
Макаби Хаифа – Бенфика 1:6


Standings provided by Sofascore


Standings provided by Sofascore


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top