Top Sport

Сон мора на операција за стабилизирање на фрактурата на очната шуплина

Тотенхем потврдија дека нивната ѕвезда Сон Хеунг-Мин мора да оди на операција за стабилизација на левата очна шуплина, откако доби фрактура при вчерашниот меч од Лигата на шампионите против Олимпик Марсеј.

Кореецот мораше да го напушти теренот во првото полувреме на „Велодром“ по силниот удар со главите со Шансел Мбемба. Останува да се види дали повредата ќе го спречи Сон да настапи за Јужна Кореја на Светското првенство во Катар кое почнува за само три недели.

Scroll to Top