Top Sport

Милан со драматична победа во Рим се вратија во борба за скудетото

Милан стигна до супер-тешка 2:1 победа на гости кај Лацио за да ја врати иницијативата во борбата за скудетото, прекинувајќи ја лошата низа за да се одвојат на три поени пред градскиот ривал Интер на врвот на табелата, иако „нераѕурите“ имаат меч помалку.

Мечот на „Олимпико“ започна катастрофално за гостите, откако Чиро Имобиле веќе во 4. минута успеа да го совлада Мајк Мањан за водство на домаќините. „Росонерите“ потоа имаа поголем број на шанси, со над 20 удари на голот, пред да израмнат во 50. минута со нов гол на Оливие Жиру.

Во последните дваесетина минути, гостите притиснаа за гол, а Стефано Пиоли ги внесе во игра Златан Ибрахимовиќ и Анте Ребиќ, а имаа неколку шанси за во 92. минута по лошата реакција на обраната на Лацио, Златан да му асистира на Сандро Тонали за голема победа.

Лацио, пак, е на шестото место на табелата со 56 поени, два помалку од Рома на петтата позиција.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top