Top Sport

Јанис ги предводеше Бакси до убедлив триумф над Чикаго

Милвоки бакс стигнаа до убедлива гостинска 119:95 победа над Чикаго булс за да поведат со 3:1 и да дојдат на една победа од пласманот во втората рунда на НБА плејофот.

Бидејќи во тимот отсуствуваше Крис Мидлтон, Јанис Адетокумбо ја презеде одговорноста, завршувајќи со 32 поени, 17 скока и 7 асистенции, за 12-ти пат во кариерата да стигне до над 30 поени, 15 скока и 5 асистенции во еден меч.

Грејсон Ален имаше одлични 27 поени, а Холидеј додаде 26 поени за Бакси кои водеа од почетокот до крајот на мечот. За Булс, Зек Лавин имаше 24 поени и 13 асистенции,  Демар Дерозан додаде 23 поени.

Scroll to Top