Официјалниот Инстаграм акаунт на Милан прати порака на надеж на своите навивачи со интересна паралела на нивните финалиња од Лигата на шампионите: „Сѐ ќе биде во ред, по Истанбул доаѓа Атина“.
Оваа порака беше поставена на балкон во Милано и секако се повикува на двете финалиња на Лигата на шампионите на Милан против Ливерпул. Во 2005 година во Истанбул, во славно финале, Милан пропушти 3:0 водство на полувреме за да одигра 3:3 и да загуби на пенали, но две години подоцна во Атина, „росонерите“ се одмаздија со 2:1 победа.
„Денешните маки ни носат сила за утре“, додадоа од Милан.
View this post on Instagram
Today’s struggles are tomorrow’s strength #andratuttobene #iorestoacasa #SempreMilan