Top Sport

„Лудакот“ Биелса го тужи Лил и бара 20 милиони евра за отказот во 2017.

Тренерот на Лидс, Аргентинецот Марсело Биелса одлучи да го тужи поранешниот клуб, француски Лил поради предвремениот прекин на соработката, а планира да бара рекордна сума пари.

Биелса беше на кормилото на Лил седум месеци, а отказ доби во декември 2017 година. Благодарејќи на неговиот ангажман на неколку квалитетни фудбалери, клубот успеа да избори пласман во Лигата на шампиони.

Поради тоа што клубот ќе заработи многу пари од пласманот во најквалитетното фудбалско натпреварување на Стариот континент, Биелса се реши на тужба.

Тој доби отказ, а имаше уште две години од договорот кој го потпиша со Лил. Аргентинецот смета дека му е нарушен угледот, па бара отштета од 20 милиони евра.

„Биелса му помогна на Лил да донесе голем број играчи за кои клубот добро ќе заработи, па затоа е побарувањето на толку голема отштета“ – изјави Бенџамин Кабањо, адвокатот на Биелса.

Scroll to Top