Top Sport

Милан со смешен автогол во 94. минута спаси реми кај СПАЛ (видео)

СПАЛ, претпоследниот тим на табелата во Серија А, успеа да го го намачи Милан, откако „росонерите“ со автогол во 94. минута успеаја да извлечат 2:2 реми, додека Фиорентина дома доживеа катастрофален 1:3 пораз од Сасуоло.

Во директниот дуел за опстанок Сампдорија победи во Лече со 2:1, додека Верона во трилер-меч беше подобра од Парма со 3:2.

Во Ферара, Милан имаше ужасни први половина час, откако СПАЛ поведе преку Матија Валоти во 13. минута, за по половина час игра 38-годишниот Серџо Флокари да го удвои водството со еден апсолутно неверојатен гол од огромна далечина.

„Росонерите“ сметаа дека дадоа гол во 37. минута кога Хакан Чалханоглу ја смести топката во мрежата, но ВАР системот го поништи голот поради офсајд. Во 43. минута, СПАЛ остана со играч помалку, откако Марко Д’Алесандро доби директен црвен картон.

Ова не помогна ниту во второто полувреме, кога во игра влезе и Златан Ибрахимовиќ на местото на Анте Ребиќ. Рафаел Леао во 79. минута намали на 2:1, пред во 94. минута во еден од последните напади во мечот, со бизарен автогол на Франческо Викари „росонерите“ успеаја да стигнат до поен.

СЕРИЈА А, 29.КОЛО

Фиорентина – Сасуоло 1:3

Лече – Сампдорија 1:2

СПАЛ – Милан 2:2

Верона – Парма 3:2

СПАЛ – МИЛАН

ФИОРЕНТИНА – САСУОЛО

ВЕРОНА – ПАРМА

ЛЕЧЕ – САМПДОРИЈА

Scroll to Top