Милан објавија јубилеен дрес на нивниот домашен дрес, прославувајќи ја 120-годишнината од основањето на клубот.
„Пума“ го објави дизајнот на дресот со Бразилецот Сусо, на кои логото на компанијата, грбот на клубот и спонзорот „Флај Емиратс“ се златни. Под грбот е бројката 120, одбележувајќи го јубилејот, а на задниот дел под јаката има 1899-2019 и златно „ѓаволче“.
Покрај тоа, на задниот дел има и изјава од основачот на клубот, Херберт Килипин: „Ние ќе бидеме тим на ѓаволи. Нашите бои ќе бидат црвена како огнот и црна како стравот кој ќе го предизвикаме кај нашите противници“.
Се очекува „Диаволо“ да дебитира со дресот на дуелот со Сасуоло на „Сан Сиро“ на 15 декември.