Top Sport

Јунајтед би го отпуштиле Солскјер само ако ситуацијата стане „катастрофална“

Манчестер јунајтед немаат план да го отпуштат Оле Гунар Солскјер и ќе реагираат само ако ситуацијата стане „катастрофална“ за клубот, тврдат англиските медиуми.

Јунајтед имаат само четири победи во 14 меча од Премиер лигата оваа сезона и сега ги очекуваат два вистински теста, против Тотенхем во среда дома и против Манчестер сити во сабота на гости. Сепак, какви и да бидат овие резултати, нема индикации дека Ед Вудворд и управата на клубот бараат потенцијална замена за Норвежанецот, а фудбалерите уште се зад својот менаџер.

На „Олд Трафорд“ веруваат во квалитетите на Солскјер и сметаат дека тој е во центарот на стратегијата која на среден и на долгорочен клуб ќе направи многу посилен клуб, така што резултатите оваа сезона не треба многу да го вознемируваат менаџерот.

Со деветто место во Премиер лигата, и со уште две третини од сезоната пред нив, Јунајтед се само на осум поени од место во Лигата на шампионите, но и на само шест поени од зоната за испаѓање, но на Солскјер би му било дозволено и место во средината на табелата.

Покрај ова, стратегијата на Јунајтед е да се постави нов физиотерапевт во клубот и поддршка за младинските школи, а на краток план во јануари ќе се обиде да се купи добар фудбалер, со Ерлинг Браут Халанд, Деклан Рајс и Џејдон Санчо како први мети на клубот.

Scroll to Top