Поранешниот италијански репрезентативец Антонио Касано, кој во кариерата играл за Интер и Милан, рекол дека реваншот во Купот против Јувентус, има исклучителна важност за екипата на Антонио Конте.
Јувентус вечерва ќе го пречека Интер, во полу-финалниот реванш. Првиот натпревар, одигран минатата недела, им припадна на фудбалерите на Јувентус (2:1).
„Интер, во летниот преоден рок, му ги донесе сите играчи на Конте кој тој ги побара, едноставно тие мора да го победата Јувентус. Елиминирани се од европските натпреварувања и сезоната без трофеј во Италија ќе биде катастрофа“, рекол Касано и дополнил.
„Милан изгради тим за 1,5 милиони евра и има неверојатна сезона. Ако Милан ја освојат титулата за Интер тоа ќе биде трагедија“.