Два пенали, автогол и статива во 90 минута го одбележаа миланското дерби, на крај Милан и Интер поделија по бод, 1:1.
И двете екипи имаа свои шанси да го земат целиот плен, најголемата ја пропушти Лаутаро Мартинес уште во првото полувреме, во 27 минута промаши пенал при резултат 1-1, поточно Татарушану одлично го одбрани неговиот удар.
Во 90 минута Салемакерс ја погоди десната статива на голот на Хандановиќ, откако Милан последните 10-тина минути покажа поголема иницијатива.
Инаку, довчерашниот „Росонер“ Чалханоглу беше стрелец на првиот гол на овој меч, сега во дресот на Интер. Тој од белата точка во 11 минута погоди, откако претходно Кеси направи нелогична грешка во својот шеснаесетник.
Се играше 17 минута кога дефанзивецот на „Нероазурите“ Де Вриј си постигна автогол.
Следуваше промашувањето на пеналот на Мартинез и тоа беа најголемите возвудувања во првиот дел.
Во второто полувреме двете екипи можеа да дојдат до победата, но се чини дека ремито е најреален исход.
По 12 кола Милан е втор на табелата иако има ист број на бодови со лидерот Наполи – по 32, без пораз.
Интер е третопласиран со 25 поени.