Младиот белгиски репрезентативец, Миле Свилар, син на поранешниот голман на Војводина и Антверпен, Ратко, вечерва испиша историја во Лигата на шампионите, откако стана најладиот голман кој бранел во натпревар од елитното натпреварување.
Свилар вечерва го брани голот на Бенфика во дуелот со Манчестер Јунајтед. Момчето кое има српски корени, но е родено во Антверпен, има само 18 години, еден месец и 22 дена.
Свилар кариерата ја започна во Андерлехт, а во Бенфика се пресели минатото лето. За славниот клуб од „Ла Луж“ стадионот неодамна дебитираше за првиот тим на Бенфика на натпревар во Купот на Португалија.
Бидејќи има српско потекло Фудбалскиот сојуз на Србија се обидува да го убеди да започен да брани за оваа репрезентација.