Ѕвездата на Баерн Минхен, Томас Милер вели дека е задоволен од 4:2 победата на Германија над Португалија, но дека сега не е време да се однесуваат арогантно, посебно бидејќи во првиот меч загубија со 1:0 од Франција.
„Има многу добри работи во мечот, но и многу работи кои можеме да ги направиме подобро и тоа може да не чини скапо. Сега, имаме три поени се наоѓаме во добра позиција и не смееме да станеме арогантни иако треба да веруваме во нашиот квалитет. Еуфорија нее потребна“, вели Милер.
Франција е на врвот на групата Ф со 4 поени по 1:1 ремито со Унгарија и ќе бидат во осминафиналето со само еден поен во мечот со Португалија, додека Германија може да се надева на првото место ако ја победи Унгарија.