Top Sport

Депај не сака да го викаат Депај поради неговиот татко

Холанѓанецот Мемфис Депај, новиот член на Барселона (потпиша договор до 2022/23), ќе ја продолжи традицијата на неговиот дрес да го пишува неговото име Мемфис, а не презимето Депај поради едноставна причина.

Мемфис ја направил оваа одлука во 2012 година, во обид да се дистанцира од својот татко Денис Депај, кој го напуштил кога тој имал само четири години.

„Никогаш нема да му простам. Затоа не е ме викајте Депај, туку Мемфис. Не сакам да објаснувам што точно се случи во мојот дом бидејќи не сакам да посрамотувам намерно никого. И така ќе остане, бидејќи за мене тоа е минато“, изјави Депај кога потпиша за Манчестер јунајтед во 2015 година.

Депај е роден во 1994 година во малото село Мордрехт во јужна Холандија. Неговиот татко, Денис Депај е роден во Гана, додека неговата мајка Кора Схенсема е Холанѓанка. Таткото го напуштил семејството кога фудбалерот имал само четири години.

Минатата година, самиот Депај изјави дека се „смирил“ со својот татко, но тоа не го смени мислењето околу името на дресот.

Scroll to Top