Top Sport

Милер: Подобро ќе ги хранам моите коњи и зајаци отколку Халанд

Томас Милер, ветеранот на Баерн Минхен е познат по својата специфична форма на германски хумор, така што не изненадува последниот одговор кој го даде на прашањето дали сака да го „храни“ со топки Ерлинг Халанд.

Во интервју за „Билд“, Германецот беше запрашан за шпекулациите дека Баерн се заинтересирани за ѕвездата на ривалот, Борусија Дортмунд.

„Подобро ќе ги хранам моите коњи и зајаци“, одговори ладнокрвно Милер.

Запрашан за сопствената иднина во Баерн, откако има уште 18 месеци со договорот, Милер беше посериозен.

„Во моментов нема контакти за договорот. Затоа ќе видиме што ќе ни донесе иднината“, обајснува Милер.

Scroll to Top