Top Sport

Милер замина во репрезентативна пензија

Германија дожиева уште еден дебакл на Мундијалите. Германците во Катар, го повторија резултатот од Русија, кога исто така испаднаа во првата фаза. Во конкуренција на Јапонија, Шпанија и Костарика, четирикратните светски шампиони го освоија третото место.

Германците синоќа ја победи Костарика со 4:2, дома ги испрати Јапинија со триумфот над Шпанија (2:1).

Натпреварот против Костарика со голема веројатност беше последен за Томас Милер во дресот со државниот грб. Самиот најави дека ќе се повлече од репрезентацијата.

„Ако ова беше мојот последен натпревар, тоа за мене претставува големо задоволство. Проживеавме неверојатни моменти заедно. На секој натпревар се трудев да го оставам срцето на теренот. Го направив тоа со љубов“, им порача Милер на фановите.

Во дресот на репрезентацијата Милер одигра 121 натпревар и постигна 44 голови, а со Германија стана светски првак на Мундијалот во Бразил во 2014 година.

Scroll to Top