Фудбалската репрезентација на Македонија го одржа првиот тренинг на комплексот на ФФМ во пресрет на последните два натпревари од Лигата на нации. Без капитенот Стефан Ристовски, но без Дарко Чурлинов и Валон Етеми, фудбалерите ќе се обидат да стигнат до позитивни резултати против Грузија и против Бугарија.
Селекторот Благоја Милевски дополнително го повика Егзон Бејтулаи од Шкендија кој веќе се приклучи на селекцијата.
„Црвено-жолтите“ в петок ќе играат против Грузија во Тбилиси, а три дена подоцна во Скопје следи и дуелот со Бугарија.
Фото: ФФМ