Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за натпреварите против Италија (24. март) и Португалија / Турција (29. март) од плејофот за пласман на Светското првенство во Катар 2022.
На списокот на селекторот Милевски се наоѓаат 27 фудбалери. Давид Бабунски од унгарски Дебрецин е повратник во најдобрата репрезентација. Кристијан Наумовски од Шкупи е повикан во конкуренција за голманската позиција.
ГОЛМАНИ: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан Шишковски (Докса, Кипар), Кристијан Наумовски (Шкупи);
ОДБРАНА: Стефан Ристовски (Динамо Загреб, Хрватска), Дарко Велковски (Ријека, Хрватска), Висар Муслиу (Инглоштад, Германија), Кире Ристевски (АЕЛ Лимасол, Кипар), Езѓан Алиоски (АЛ Ахли, Саудиска Арабија), Тодор Тодоровски (Серед, Словачка), Стефан Ашковски (Сепси, Романија), Никола Серафимов (Залаегерцег, Унгарија);
СРЕДЕН РЕД: Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Енис Барди (Леванте, Шпанија), Стефан Спировски (МТК, Унгарија), Тихомир Костадинов (Пјаст, Полска), Јани Атанасов (Хајдук, Хрватска), Ердал Ракип (Малме, Шведска), Бобан Николов (Шериф Тираспол, Молдавија), Давид Бабунски (Дебрецин, Унгарија);
НАПАД: Адис Јаховиќ (Гестепе, Турција), Милан Ристовски (Спартак Трнава, Словачка), Бојан Миовски (МТК, Унгарија), Дарко Чурлинов (Шалке 04, Германија), Александар Трајковски (Ал Фахја, Саудиска Арабија), Ваљон Етеми (Истанбулспор, Турција), Дориан Бабунски (Дебрецин, Унгарија);
Собирот на репрезентација е закажан за 20. март во 19:00 часот во хотел „Хилтон“ во Скопје.
Првиот тренинг е во понеделник во 19:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. На 22. март во 17:00 часот со чартер лет, репрезентацијата патува за Палермо каде што ќе се одигра натпреварот против Италија.