Top Sport

Милевски: Со тимска игра до позитивен резултат против Италија

Актуелниот европски шампион Италија утре (20:45 часот) ќе и гостува на Македонија, во натпревар од квалификациите за пласман на ЕУРО 2024.

Натпреварот доаѓа 18 месеци по сензационалната победа на Македонија во баражот за пласман на Мундијалот во Катар. Мечот во Палермо го реши Александар Трајковски во 90.минута.

На прес конференцијата селекторот Благоја Милевски рече дека тој меч не го користел како подготвка за утрешниот.

„Тоа беше бараж натпревар, со еден поинаков противник. Сега во Италија се други играчи, имаат нов селектор“, рече Милевски и дополни.

„Мора да бидеме дисциплинирани, тактички одговорни, да ираме тимски. Само така ќе успееме да направиме нешто. Тимскиот дух и тимската игра секогаш ни донела успех. Тоа се истите момци, истите играчи, тие можат да го повторат тоа. Енергија и мотив не ни недоставува.“

Фото/ ffm.mk

Scroll to Top