Старо-новиот спортски директор на ПСЖ, Леонардо, означил две мети кои според него ќе бидат приоритет за клубот во летниот преоден рок. Новинарот на „Канал+“, Жофри Гаретие тврди дека цел се двајца играчи од Серија А, голманот на Милан Џиџи Донарума и најдобриот играч на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Леонардо кој до пред две недели беше спортски директор на Милан, верува дека за трансфер на голманот Донарума ќе му бидат доволни 60 милиони евра.
За да собере пари спортскиот директор планира да продаде неколкумина играчи од актуелниот состав.
Исто така Леонардо добро знае дека Лацио нема за помалку од 100 милиони евра да го пуштат Милинковиќ-Савиќ.
Интерес за српскиот репрезентативец покажува и Јувентус, меѓутоа сега во Торино се насочени кон Пол Погба за кого интерес покажува и Реал Мадрид.