Сергеј Милинковиќ-Савиќ вели дека во Лацио веќе почнал „сонот за скудетото“ пред дуелот со Интер и веќе има испланирано тетоважа ако го кренат големиот трофеј.
„Искрено, сонот за скудето започна од полувремето против Аталанта во октомври, кога се вративме од 3:0 на 3:3. Не зборувавме многу за тоа, бидејќи знаевме дека прво треба да се заврши работата, но тренерот кажа три зборови кои променија многу во нашиот менталитет. Излеговме во второто полувреме и оттогаш одиме само напред“, вели српскиот фудбалер од средниот ред за „Скај спорт Италија“.
Лацио немаат пораз во 18 кола во Серија А и се на еден поен зад лидерите Интер и Јувентус пред дуелот со „нераѕурите“ во недела навечер.
„Скудетото не ни е во умот уште, но бидејќи сме тука каде што сме, мораме да одиме напред. Никој не очекува од нас да освоиме титула, и главната цел останува Лигата на шампионите. Ако отиде како што треба, има место за нова тетоважа за да се прослави тој успех“, додава СМС.