Карим Адејеми нема да биде единственото засилување за нападот на Борусија Дортмунд. „Милионерите“, според германските медиуми, испратиле понуда за Себастијан Алер.
Ајакс за напаѓачот добиле понуда од 33 милиони евра и дополнителни бонуси.
Алер пристигна од Вест Хем пред само година и пол за 22,5 милиони евра, експлодираше кај Ерик тен Хагг, бидејќи на 65 натпревари постигна 47 гола и додаде 16 асистенции.
Алер има 27 години, а трансферот во Дортмунд секако би бил одлична работа за неговата кариера.
Дортмунд на тој начин најдобро би ги искористил парите од продажбата на Халанд, доведувајќи ги Алер и Аџеми, кои би биле тандем достоен за борба за титулата.