Top Sport

„Милионерите“ пак загубија поени, Баерн им „дише во врат“! (видео)

Борусија Дортмунд сврза пет натпревари без победа, откако одигра без голови на гостувањето кај Нирнберг, губејќи „сигурни“ поени и дозволувајќи разликата од Баерн Минхен на врвот на Бундеслигата да се намали на само три поени.

„Милионерите“ имаа неколку добри шанси во првото полувреме, посебно во финишот кога Аксел Вицел и Марио Геце пропуштија стоотстотни шанси. Нападите продолжија и во второто полувреме, меѓутоа без резултат, а во 89. минута им беше поништен гол на гостите поради офсајд ситуација.

Борусија има 51 поен на врвот на Бундеслигата по 22 кола, пред Баерн со 48, додека Нирнберг се убедливо последни со само 13 освоени поени.

Фото: ЕПА

Scroll to Top