Top Sport

„Милионерите“ пропуштија шанса да му избегаат на Баерн – само поен против Бохум

Борусија Дортмунд пропушти шанса да добие предност во трката за германската титула, „бегајќи“ на 4 поени пред Баерн Минхен, одигрувајќи само 1:1 со Бохум, клуб кој се бори за опстанок во лигата.

Ветеранот Антони Лосила ги донесе Бохум во водство по само пет минути игра, но Борусија бргу одговори, кога само две минути подоцна, Себастиен Але му асистираше на Карим Адејеми за 1:1. И покрај доминацијата во играта, Борусија не успеа да стигне до гол, а во 90. минута бараа пенал по игра со рака во шестнаесетникот, но тој не беше досуден.

Дортмунд останува лидер во лигата со 61 поен, два повеќе од Баерн, кои можат да се вратат на врвот со победа над Херта Берлин во недела.

Scroll to Top