Борусија Дротмунд ја оставари целта, освои три бода кај последнопласираниот Падерброн во 29 коло во Бундеслигата. Борусија победи со 6:1, а во отсуство на повредениот Ерлинг Халанд хет-трик постигна Џејдон Санчо.
„Милионерите“ го држат второто место на табелата со четири поени повеќе од Борусија Менхенгладбах и Баер Леверкузен и пет од Лајпциг кој има и натпревар помалку.
Борусија повеќе од 50 минути се мачеше против „фенерџијата“, а потоа за три минути го реши прашањето на победникот. Торган Азар го отвори резултатот во 54 минута, а три минути првиот од трите гола на овој меч го постигна Џејдон Санчо.
Хунемејер во 72 минута од пенал го совлада Роман Бурки и намали на 1:2, но само две минути подоцна Санчо го постигна својот втор гол.
Во финишот на мечот од 85 до 91 минута „милионерите“ испорашаа уште три гола во мрежата на Падерброн, стрелци беа Ашраф Хакими, Марсел Шмелцер и Санчо кој го комплетираше хет-трикот.