Борусија Дортмунд отпушти девет фудбалери од вториот тим, меѓу кои е и капитенот. Поради финансиската криза „милионерите“ решиле да им поделат откази на фудбалерите за кои сметаат дека немаат перспектива во Дортмунд.
Кога ќе помине кризата и кога Борусија ќе го стабилизира финансиското работење, тогаш клубот ќе донесе нови играчи на местата на деветмината кои добија откази.
Борусија ги отпушти голманите Јонас Хупе, Јан Рекерт, Лусиен Хаврилјук, дефанзивците Стивен Рупенхарт и Доминик Ванер, играчите од редот за врска Џосеп Бојамба (капитен), Ариф Ет, Стив Тунга и Јано Бајман и напаѓачите Емре Ајдинел и Џанлука Рицо.
Тренерот на вториот тим на Борусија Мајк Тулбер на располагање ќе има 17 фудбалери.