Top Sport

„Милионерите“ за историја: На домашните мечеви дадоа најмалку по 2 гола

Фудбалерите на Борусија Дортмунд со вчерашниот триумф од 3-2 против Фортуна Диселдорф на свој терен, во 33. коло од Бундеслигата останаа со теоретски шанси за освојување на титулата затоа што Баерн одигра само 0-0 кај Лајпциг.

Сепак, трите погодока на „милионерите“ им донесоа место во историјата на најквалитетната германска фудбалска лига.
Борусија (Д) е првата екипа во Бундеслигата која на сите домашни мечеви постигнала најмалку по 2 гола. „Милионерите“ на „Сигнал Идуна Парк“ сезонава постигнаа 51 гол на 17 меча, во просек по 3 на меч.

Интересно е што ова не им појде од рака на играчите на Баерн Минхен кои во сезоната 1971/1972 на домашен терен постигнаа дури 69 гола.

За Борусија да успее сезоната да ја зачини со нова титула потребно е „жолто-црните“ момчиња да слават против Борусија Менхенгладбах, додека во последното коло Баерн да загуби дома од Ајнтрахт Франкфурт.

Scroll to Top