Top Sport

Мино Рајола е жив

Информацијата која ја објавија еминентни италијански и светски медиуми, дека познатиот фудбалски менаџер Мино Рајола починал на 54-годишна возраст не е точна.

Рајола во четвртокот бил хоспитализиран поради тешка здравствена состојба, а набрзо сите еминентни медиуми објавија дека тој починал.

„Мојата моментална здравствена состојба за оние кои се прашуваат: лут сум што ме убија по втор пат во четири месеци. Изгледа дека можам да оживеам“, објави Рајола на својот Твитер профил.

Смртта на Рајола ја негираше и директорот на интензивна нега во клиниката Сан Рафаеле, каде менаџерот е хоспитализиран.

Лут сум поради повиците на таканаречените новинари кои шпекулираат човек кој се бори за својот живот“, изјави Алберто Зангрило.

Рајола во јануари имаше деликатна операција поради неидентификуван проблем, а пред неколку часа италијанските медиуми објавија дека тој починал.

Рајола е еден од највлијателните фудбалски агенти чии клиенти се Пол Погба, Златан Ибрахимовиќ, Џанлуиџи Донарума, Марко Верати, Ерлинг Халанд …

Нему му претстои исклучително напорно лето бидејќи се очекува голем трансфер на Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд, како и евентуално заминување на Пол Погба од Манчестер јунајтед.

 

Scroll to Top