Баерн Минхен и Милан одиграа натпревар во рамките на Меѓународниот Куп на шампионите. Во Канзас сити Баерн победија минимално со 1-0.
Баерн против Милан ја забележаа третата победа во подготвителниот период, откако претходно ги совладаа Арсенал (2-1) и Реал (3-1), додека за Милан ова беше премиерниот меч во Меѓународниот Куп на шампионите.
На клупата на тимот од Милано дебитираше новиот тренер Марко Џанпаоло. Единствениот гол на мечот го постигна Леон Горецка во третата минута од судиското надополнување на времето во првото полувреме. Германскиот репрезентативец ја искористил грешката на Иван Стриниќ,, кој според италијанските медиуми бил најслабата карика во одбраната на Милан.
Повеќе од поразот во Милан ги загрижи повредата на Тео Ернандез. Левиот бек кој дојде од Реал за 20 милиони евра, во финишот на првиот дел, поради повредата на глуждот, бил од теренот однесен на носилки.