Белгискиот голман Симон Мињоле искрено проговори за својот статус по заминувањето на колегата Лорис Кариус во Бешикташ/ Германецот се пресели во Турција на две годишна позајмица. Меѓутоа на Мињоле не му е јасно зошто тој не бил испратен во некој друг клуб, туку Кариус.
„Секогаш сум бил јасен. Сакам да бранам. Не ми е важно дали сум втора или трета опција, поради тоа заминувањето на Кариус не ми значи ништо. За мене е најважно да бранам“, рекол Белгиецот.
„Откако Лорис замина никој ништо не ми зборува. Не знам каква е мојата иднина во Ливерпул. Ќе видиме што ќе се случи оваа недела. Ми беше чудно кога Кариус го пуштија на позајмица, знаејќи дека и јас имам таква опција, но поради некоја причина таа не е искористена. Голманот што беше пред мене како прва опција сега замина на позајмица!? Чудно“, завршил Мињоле.