Top Sport

Мињоле: Ни кажаа дека сме станале шампиони со СМС порака

Голманот на Бриж, Симон Мињоле открива дека вестите дека неговиот клуб е крунисан за белгиски шампион ги дознал преку СМС порака.

Клуб Бриж беше лидер пред прекинот на шампионатот поради корона вирусот со 15 поени предност на еден натпревар пред крајот на регуларната сезона и пред белгискиот плејоф. Белгиската фудбалска федерација на почетокот на април одлучи да им ја додели титулата, но потоа се предомисли по совет на УЕФА, за оваа недела конечно да ја потврди одлуката.

Ова е 16. пат Бриж да се шампиони на Белгија и Мињоле признава дека не било исто како да се освои трофејот на терен.

„Добивме СМС порака. Не можете да правите многу, но се напив чаша шампањско со моето семејство. Но, да, се чувствуваме како шампиони и единствената разлика е што обично прославуваме на теренот со своите соиграчи и со фановите. Сега не е момент за тоа и го сфаќаме тоа. Заслуживме бидејќи бевме многу пред другите. Со сите тимови игравме барем двапати и знаевме дека ќе бидеме шампиони“, вели поранешниот голман на Ливерпул.

Scroll to Top