Поранешниот фудбалер и тренер на Партизан Миодраг Јешиќ (64) загина во сообраќајна несреќа. Јешиќ загинал во сообраќајна несреќа што се случила на автопатот Рума-Јарак, пренесува „Блиц“.
Јешиќ играше од 1980 до 1994 година за Партизан, и турските екипи Алтај и Трабзон.
Поголемиот дел од својата играчка кариера ја помина во црно-белите, за кои одигра 148 првенствени натпревари и постигна 13 голови.
Тренерската кариера ја започна речиси веднаш откако ја заврши активната катиера, а работеше во речиси 30 клубови.
Тој, меѓу другите, ги предvодеше ОФК Белград, Партизан, Литекс, Будуќност, Сараево, а работеше и во Турција, Кина, Либија, Малдиви, Тунис, Иран и Саудиска Арабија, каде во септември го заврши својот последен тренерски ангажман.
Како играч беше шампион на Југославија со Партизан, а како менаџер шампион на Арапската лига со Сфаксиен од Тунис, шампион на Бугарија со ЦСКА Софија, шампион на Либија со Ал Итихад и шампион на Мјанмар со Јангон.