Top Sport

Стерлинг се враќа во Катар – Ќе биде подготвен за Франција

Селекторот на репрезентацијата на Англија, Герет Саутгејт ќе ги има на располагање сите играчи за четвртфиналниот натпревар на Светското првенство против Франција. Англичаните потврдија дека Рахим Стерлинг се враќа во Катар.

Стерлинг, експресно замина дома, пред осминафиналниот натпревар на Англија против Сенегал, откако семејството го извести дека крадци влегле во неговиот дом. Шетата која ја направиле се проценува на најмалку 600.000 фунти.

Дуелот меѓу Франција и Англија ќе биде последно четвртфинале, ќе се одигра во сабота од 20:00 часот.

Scroll to Top