Top Sport

Миовски: Неописливо е да се даде гол за Македонија на Арената

Напаѓачот Бојан Миовски постигна два гола на вечерашниот меч против Гибралтар и триумф од 4:0. Тој е среќен поради головите, но и затоа што Македонија се уште е математички во игра за првото место.

„Добро го почнавме дуелот. Погодивме уште на почетокот, во третата минута, а потоа беше се полесно. Многу сум среќен што постигнав два гола, неописливо е да се даде гол на Националната арена. Што се однесува до групата, се додека математички имаме шанси, ние ќе се бориме. Ќе дадеме се од себе да ги победиме тие два меча и да се надеваме на уште некој кикс на Грузија“, изјави Миовски.

Македонија во септември ја очекуваат натпревари со Бугарија на домашен терен и со Грузија на гости.

Scroll to Top