Шпанскиот второлигаш Мирандес сензационално се пласираше во полуфиналето на Копа дел реј, откако третпат едноподруго елиминираат прволигаш, победувајќи ги Вилјареал со 4:2 за неверојатен успех. Претходно под нозете на „моќниот“ Мирандес паднаа и Селта Виго (2:1) и Севилја (3:1).
Дека нема шега со малиот клуб се покажа уште во 17. минута кога Бразилецот Ајаш им донесе 1:0 водство, а иако „жолтата подморница“ успеа да израмни преку Онтиверос во 37. минута, до полувремето третолигашот пак беше во предност, овојпат со гол од пенал.
Ветеранот Казорла во 56. минута со нов гол од пенал израмни на 2:2, но само две минути подоцна Онаиндија им донесе ново водство на домаќините, пред Санчез во 91. минута да стави точка на славната победа.