Поранешниот шеф на УЕФА, Мишел Платини поднесе барање до швајцарските власти во обид да дознае како судските органи дознаа за исплатата од 2 милиони швајцарски франци од ФИФА по која тој беше суспендиран.
Француската фудбалска легенда доби забрана за обавување на било каква фудбалска дејност по исплатата од ФИФА во 2011 година, која беше направена од поранешниот шеф на ФИФА, Сеп Блатер за услуга направена една деценија претходно. Во мај, швајцарските власти оценија дека не постои криминал и Платини сака да се врати во фудбалот.
„Сега, по крајот на кривичната истрага, кога беше ослободен од сите обвинувања, сакаме да дознаеме кој беше одговорен, кој имаше интерес за ова да се случи“, изјави адвокатот на Платини, Бертран Репол за „Ројтерс“.
Платини беше суспендиран во декември 2015 година на осум години, а шест месеци подоцна, Судот за арбитража во спортот (ЦАС) ја намали казната на 4 години. Поради суспензијата, Платини нема да може да се кандидира за претседател на УЕФА на изборот следната година.
Фото: ЕПА