Германскиот весник „Билд“ ја пренесува неверојатната приказна тренерот Петер Нојрурер, кој „по грешка“ стана тренер на Ватеншајд 09, клубот кој се натпреварува во германската четврта лига.
64-годишниот Нојрурер во својата кариера работеше со повеќе клубови од Бундеслигата, како Хановер, Келн, Бохум и Дуизбург, и вели дека бил изненаден кога добил повик за да стане тренер на Шалке 04, или барем тој мислел така.
„Добив повик од поранешниот претседател на Шалке, Јозеф Шнусенбергер, кој ми побара помош и ми кажа дека има работа за мене. Јас му кажав: ’супер, јас сум тука’, а тој веднаш ми одговори дека не можам да барам голема плата. Мене тоа не ми беше проблем и му кажав дека сум 100 отсто зад него. Тоа беше периодот во кој Шалке го отпушти Доменико Тедеско и јас сфатив дека се работи за тој клуб. Му кажав дека не е проблем и дека фудбалерите треба да добијат повисока плата ако бркаме Лига на шампиони. Тој тогаш замолче и сфати дека нешто не е во ред. Потоа ми кажа дека се работи за Ватеншајд, но јас веќе го дадов зборот и секогаш ги исполнувам моите ветувања. И така не сакав да играм во Лигата на шампионите следната година“, вели Нојрурер.