Top Sport

Митко Стојковски избран за претседател на ФК Пелистер

Македонскиот фудбалски второлигаш Пелистер одржа вонредно клупско собрание на кое за нов претседател е избран Митко Стојковски. Македонската фудбалска легенда се враќа во структурите на клубот кој има за цел да се врати во елитата.

Легендарниот репрезентативец свпевремено како спортски директор на Пелистер успешно го предводеше и до настапи во Европа. Досегашен претседател на ФК Пелистер беше Пеце Стојчевски.

Во бордот на директори ќе членуваат поранешните фудбалери Тони Мицевски, Пеце Цветковски и Златко Деловски, стопанствениците Трајан Вртковски, Павле Лазаровски и Сотир Николовски и претставници на Општина Битола, Блага Талевска (економист) и Стефанија Боцевска (правник).

Новото раководство на ФК Пелистер ќе има задача да го стабилизира клубот и да ја исполни главната цел, брзо враќање во фудбалската елита на Македонија.

Пелистер вториот дел од сезоната во Втората лига ќе го започне со нов тренер, откако Бобан Бабунски го наследи Марјан Секуловски.

Scroll to Top