Top Sport

Митровиќ: Во Фулам сум како дома, повеќе отколку во Србија

Српскиот напаѓач на англискиот второлигаш Фулам, Александар Митровиќ вели дека нема намера да си замине од Лондон, посебно по одличниот старт на новата сезона и вели дека таму се чувствува како да е дома, дури повеќе од својата татковина.

Под водство на новиот тренер, Марко Силва, Митровиќ има постигнато шест гола на стартот на Чемпионшип со што е втор стрелец во лигата.

„Со Марко Силва играме поинаков фудбал и сите уживаме. Имам одличен однос со тренерот, кој ни донесе вистинска енергија и сакаме да доминираме и да даваме голови. Кој не би сакал таков фудбал. Летово беше тешко, но тоа е зад нас и гледам кон иднината. Во Фулам се чувствувам како дома, дури повеќе отколку во Србија“, вели Митровиќ.

Scroll to Top