Top Sport

Железничар ја прослави 100-годишнината

Навивачите на сараевски Железничар ја прославија 100-годишнината на славниот клуб на „Грбавица“ при 0:0 дербито со Вележ во кое успеаја да промашат пенал.

Славните „плави“, еден од најпопуларните клубови во поранешна Југославија, е формиран на 17 септември 1921 година, и тоа беше причина на стадионот да се појават илјадници фанови кои во 60. минута од мечот направија спектакуларна атмосфера со факли.

Нивните миленици на теренот во 70. минута имаа шанса за победа, откако Јуричиќ целосно го утна голот од белата точка.

Вележ е петти на табелата со 12 поени, додека Железничар се на 6. место со 11 поени.

Scroll to Top