Лега Про, професионалната италијанска фудбалска лига, и официјално го исфрли тимот на Про Пјаченца од Серија Ц, откако во неделата загубија со 20:0 од Кунео во еден од најнеобичните фудбалски мечеви во историјата на италијанскиот фудбал.
Фудбалерите на Про Пјаченца немаат земено плата цела сезона, но мораа да излезат со тим против Кунео, решавајќи го проблемот со седум тинејџери и членови на придружниот тим и загубија со 20:0.
Тимот воопшто немаше тренер и 19-годишниот капитен на тимот беше потпишан како главен претставник. Бидејќи мораа да имаат барем седум фудбалери на теренот за да продолжи мечот, кога еден од тинејџерите се повреди, во игра влезе човекот кој ги подготвува копачките.
?İtalya Seri C’de oynanan Cuneo – Pro Piacenza maçında, futbol sahalarında ender görülen bir skor ortaya çıktı. Ev sahibi Cuneo, sahaya 8 futbolcuyla çıkan rakibi Pro Piacenza’yı 20-0 mağlup etti. Pro Piaceza’nın ligden çekilme ihtimali bulunuyor. pic.twitter.com/4v0PtanT5T
— Totemle Türkiye (@totemleturkiye) February 17, 2019