Top Sport

Мизеријата на Монако продолжува – од 2:0, на 2:2 против Ним (видео)

На поранешниот француски шампион, Монако никако да му тргне. Откако тимот на Леонардо Жардим го започна шампионатот со два порази од 3:0 (дома од Лион и на гости кај Мец), во неделата тие успеаја да пропуштат водство од 2:0 за да одиграат само 2:2 со Ним.

Монако имаше одлична завршница на првото полувреме, откако прво Ислам Слимани ги донесе во водство во 39. минута, за по истекот на 45-те минути, новото засилување Висам Бен Једер да зголеми на 2:0.

Меѓутоа, само што започна второто полувреме, Жемерсон доби директен црвен картон, оставајќи го тимот со 10 играчи, и гостите веднаш го искористија ова. Филипоте во 70. минута и Денки во 82. минута обезбедија неочекуван поен за Ним. По овој резултат, секако ќе се зголеми притисокот на Жардим, откако тој лани се врати во тимот за да го спаси од испаѓање и покрај милионите кои руските сопственици ги вложуваат.

Scroll to Top