Top Sport

Вернер потпиша нов договор, па постигна гол за РБ Лајпциг (видео)

Тимо Вернер стави крај на шпекулациите за трансфер во Баерн Минхен, откако потпиша нов четиригодишен договор со РБ Лајпциг со кој ќе остане во тимот до 2023 година, по што ова го прослави со гол при 2:1 победата на тимот на Ред бул над Ајнтрахт Франкфурт.

23-годишниот Вернер беше желба на многу тимови откако блесна во дресот на РБ Лајпциг по доаѓањето од Штутгарт, но засега, барем во сезоната 2019/20 тој е фудбалер на клубот од поранешна источна Германија.

Вернер против Ајнтрахт го постигна првиот гол во 23. минута од мечот, а Поулсен во 80. минута го потврди триумфот, пред Паленсија во 89. минута да ги постави конечните 2:1.

Scroll to Top