Младиот навивач на Манчестр Јунајтед, 10 годишниот Дарах Карли, го замолил Јирген Клоп Ливерпул да престане да победува. Тренерот на „црвените“ одговорил на писмото што го добил од Карли.
Како што пишуваат англиските медиуми 10 годишното момче писмото го напишал како дел од школска задача.
„Ливерпул бележи премногу победи. Доколку победите на уште девет натпревари ќе ја имате најдолгата серија во англискиот фудбал. Бидејќи сум навивач на Јунајтед тоа ме прави тажен. Во мочам да бидете загубете го наредниот меч. Само ќе треба на вашиот противник да му дозволите да постигне гол. Се надевам дека ве убедив да не ја освоите лигата или барем да не победувате повеќе“, му порачал младиот Карли на тренерот на Ливерпул.
Jürgen Klopp received a letter from this 10-year-old Manchester United fan asking them to stop winning games.
Here's how the Liverpool manager responded ?? pic.twitter.com/nJxSGzuYpr
— FourFourTweet (@FourFourTweet) February 20, 2020
Карли и неговите родители биле изненадени кога на домашната адреса стигнал одговор од Клоп.
„За жал не можам да ја исполнам твојата желба. Колку и да сакаш Ливерпул да загуби мојата работа е направам се што можам тимот да победи бидејќи постојат милиони луѓе низ целиот свет што го посакуваат тоа. Не сакам нив да ги изневерам. За твоја среќа губевме натпревари во минатото и сигурен сум дека такви работи ќе се случуваат во иднина. Проблемот кога имаш 10 години е што мислиш дека работите секогаш ќе бидат исти како што се сега. Јас со моите 52 години можам да ти кажам дека тоа не е така. Кога го прочитав писмото што ми го испративте со сигурност можам да ви кажам дека една работа нема да се смени, вашата страст кон фудбалот ќе остане. Јунајтед е среќен што ве има. Се надевам дека ќе забележиме уште победи и дека ќе освоиме некој трофеј и дека тоа тебе нема да те разочара. Иако нашите клубови се ривали, тие се почитуваат. Тоа е она што е најважно во фудбалот“, напишал Клоп.
Ливерпул се први во Премиер лигата со 76 поени, дури 22 повеќе од Манчестер сити. Тимот на Клоп нема пораз, забележал 25 победи и само еднш одиграл нерешено.