Top Sport

Младите фудбалери на пенали ја победија Финска

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година одигра 1:1 против Финска во вториот меч од турнирот „Анталија куп 2023“ што се одржува во Турција. Со оглед дека се работи за турнирски систем, по завршувањето на регуларниот тек се изведуваа пенали, а Македонија успеа да слави со 6:5.

Македонија поведе од пенал со голот на Берат Калкан во првото полувреме, а Финците израмнија на почетокот на вториот дел.

По стартниот пораз од селекцијата на Летонија, денеска избраниците на селекторот Драган Канатларовски одиграа многу поквалитетен меч.

Scroll to Top