Top Sport

„Многу екипи сакаа да го потпишат Кристијано“

Кристијано Роналдо во јануари изразил желба кариерата да ја продолжи во Јувентус, тврди неговиот менаџер Жорж Мендеш.

Португалецот во летниот преоден рок за сум од 112 милиони евра од Реал Мадрид премина во Јувентус. Во досегашниот дел од Серија има постигнато 11 гола на 12 одиграни натпревари.

Мендеш рекол дека со челниците на Јувентус разговарал уште пред меѓусебната пресметка на двата тима во четврт-финалето во Лигата на шампионите, минатата сезона.

„Тој е најдобриот играч во историјата на фудбалот. Многу тимови го сакаа. Секоја чест за Јувентус, што успеаја да го донесат. Уште во јануари Кристијано ми кажа дека сака да игра во Торино. Тогаш мислев дека тоа е невозможно, но откако се сретнав со челниците на клубот, почнав да верувам дека можно е да се случи таков трансфер“, рекол Мендеш.

Менаџерот рекол дека преговорите околу трансферот на Роналдо траеле речиси три месеци.

Scroll to Top