Top Sport

Модриќ доби понуда вредна 200 милиони евра

Лука Модриќ повторно е тема на шпанските медиуми. Капитенот на Хрватска одигра одличен меч во полуфиналето од Лигата на нации против Холандија и ја предводеше Хрватска до победа од 4:2 и пласман во финалето каде ќе игра против Шпанија. А тоа придонесе и за нова понуда од Саудиска Арабија.

Пред само неколку дена медиумите на Пиринеите објавија дека еден саудиски клуб му понудил на Модриќ 120 милиони евра за само две сезони, но Хрватот истакнал дека сака да остане лојален на Реал Мадрид.

Шпанскиот весник „ОК Диарио“ сега тврди дека понудата за Лука Модриќ е зголемена. Саудијците му нудат 200 милиони евра и договор на три сезони на 37-годишниот Модриќ.

 

Scroll to Top