Top Sport

Трабзонспор сака да го врати Аријан Адеми во Европа

Турскиот прволигаш Трабзонспор, чиј член е Енис Барди, има голема желба да го ангажира Аријан Адеми. Македонскиот репрезентативец игра во кинескиот шампионат и го носи дресот на Пекинг Гуан, но раководството на Трабзонспор ќе се обиде брзо да го врати во Европа.

Новиот тренер на Трабзонспор, Ненад Бјелица, одлично ги познава квалитетите на Трабзонспор од периодот кога работеше со него во Динамо Загреб и смета дека тој би бил идеално решение за средниот ред на турскиот тим. Сепак, преговорите со Пекинг Гуан нема да бидат лесни, со оглед дека Адеми штотуку се пресели во Кина и потпиша договор до 2025 година.

Адеми за Динамо Загреб одигра 359 натпревари, постигна 41 гол и забележа 30 асистенции.

Scroll to Top