Top Sport

„Модриќ физички повеќе не е на потребното ниво“

Хосе Марија Гути, легендарниот играч за врска на Реал Мадрид гостуваше на ТВ Ел Чирингуито и ги коментираше сите актуелни теми поврзани со Реал Мадрид. Една од темите беа новите договори за фудбалерите, а најмногу се зборуваше Тони Крос, Начо и Лука Модриќ. Тој даде многу директен коментар за Модриќ.

„Лука Модриќ не и пристапува добро ситуација во која се наоѓа. Тој мора да разбере дека годините го стигнаа и дека не може повеќе да ги игра сите натпревари. Физички, тој повеќе не е на потребното ниво. Тој се уште може да биде корисен за Реал доколку остане, но мора да ја разбере својата улога. Половина натпревари и минути помалку и да влегува од клупата“, изјави Гути.

На крајот од сезоната на Модриќ му истекува договорот со Реал и се уште не се знае што ќе прави на прагот на својот 39-ти роденден. Тој има неколку опции: да замине во Саудиска Арабија или МЛС, да се врати во Динамо, да ја продолжи кариерата во некој од неименуваните европски клубови кои наводно го посакуваат, да ја заврши кариерата, па дури и да му се приклучи на Анчелоти во стручниот штаб на Реал.

Scroll to Top